Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Роналдо неизвесен за дуелот со Ајакс во Лигата на шампионите
    Фудбал

    Роналдо неизвесен за дуелот со Ајакс во Лигата на шампионите

    risteBy riste26/03/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Настапот на Кристијано Роналдо на првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Ајакс во Амстердам е неизвесен, сепак има шанса тој да се појави на овој натпревар или на реваншот во Торино.

    Роналдо заработи повреа на бутниот мускул на вчерашниот нтапревар кој Португалија го играше против Србија и мораше да ја напушти играта во 28.минута поради повреда на задната ложа на десаната нога. Ваквите повреди вообичаено бараат одмор од најмалку две недели, а играњето е можно после три.

    По средбата, Роналдо истакна дека оваа повреда нема да му направи многу проблеми и верува дека ќе се врати на терените околу петнаесетина дена, односно дека ќе може да игра и во првиот дуел со Ајакс.

    „Не се грижам за повредата. Го знам моето тело, верувам дека максимум за две недели повторно ќе бидам во можност да играм“, оптимистички изјави Роналдо.

    Ако се знае дека првиот дуел на Јувентус со Ајакс е на гостински терен за 15 дена, поточно на 10 април, шансите на Кристијано Роналдо да игра на таа средба се минимални. Проблем може да биде што реваншот во Торино ќе се игра само шест дена подоцна, па прашање е дали Роналдо ќе биде подготвен 100%  и да игра на оваа средба која е 21 ден по повредата.

    Сепак, проценката на лекарите е дека можноста да игра во Торино е огромна и тој ќе може да му помогне на својот тим. Интересно е тоа што ова е прва мускулна повреда на Роналдо во последните три сезони. Оваа сезона Роналдо има одиграно вкупно 3.136 минути.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.