Настапот на Кристијано Роналдо на првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Ајакс во Амстердам е неизвесен, сепак има шанса тој да се појави на овој натпревар или на реваншот во Торино.
Роналдо заработи повреа на бутниот мускул на вчерашниот нтапревар кој Португалија го играше против Србија и мораше да ја напушти играта во 28.минута поради повреда на задната ложа на десаната нога. Ваквите повреди вообичаено бараат одмор од најмалку две недели, а играњето е можно после три.
По средбата, Роналдо истакна дека оваа повреда нема да му направи многу проблеми и верува дека ќе се врати на терените околу петнаесетина дена, односно дека ќе може да игра и во првиот дуел со Ајакс.
„Не се грижам за повредата. Го знам моето тело, верувам дека максимум за две недели повторно ќе бидам во можност да играм“, оптимистички изјави Роналдо.
Ако се знае дека првиот дуел на Јувентус со Ајакс е на гостински терен за 15 дена, поточно на 10 април, шансите на Кристијано Роналдо да игра на таа средба се минимални. Проблем може да биде што реваншот во Торино ќе се игра само шест дена подоцна, па прашање е дали Роналдо ќе биде подготвен 100% и да игра на оваа средба која е 21 ден по повредата.
Сепак, проценката на лекарите е дека можноста да игра во Торино е огромна и тој ќе може да му помогне на својот тим. Интересно е тоа што ова е прва мускулна повреда на Роналдо во последните три сезони. Оваа сезона Роналдо има одиграно вкупно 3.136 минути.