Лидерот во Источната конференција на НБА лигата, Милвоки, се соочува со дополнителни проблеми в пресрет на плеј-офот откако беше утврдено дека бекот, Донте ДиВиченцо, ќе биде во аут до крајот на сезоната поради воспаление на петата на десната нога.
22-годишниот кошаркар кој пред една година ја освои наградата за – „Најкорисен играч” во финалето на колеџ-лигата, само го зголемува списокот на повредени кошаркари кај Милвоки кој останува без поголемиот дел од главните играчи. Бекот, Малком е аут за барем пет недели поради повреда на коленото, Никола Миротич нема да игра уште барем три недели поради скршена прст на левата рака.
Пол Гасол ќе одмора барем уште еден месец поради проблеми со глуждот додека бекот, Тони Снел исто така има повреда на глуждот, но, таа не е сериозна и тој треба набрзо да се врати во игра.