Македонскиот ракометен шампион Вардар, вечерва од 19:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ тргнува во одбрана на оние 9 гола разлика кои како позитива ги донесе од првиот меч во Загреб против хрватскиот шампион во битката за обезбедување место во четврфиналето на ЛШ.
Вардар во првиот меч убедливо славеше над ППД Загреб на гостински терен со 27-18, па реваншот во Скопје треба да е само рутина. Тренерот Парондо најави дека и на овој меч ќе тргнат многу внимателно, а и гостинскиот тренер Тамше вели дека не се предава и ќе се обидат да го изненадат Вардар во Скопје.
По подолго време во составот на Вардар за денешниот меч се врати и бекот Горбок.