Откако екипата на Лос Анџелес Лејкерс остана без плеј-оф во НБА конкуренцијата, еден од најдoбрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс, ќе замине на одмор до крајот на сезоната.
„По консултации со лекарите и медицински персонал, решивме да го ослободиме Леброн од учество во завршните натпревари од сезоната.Тоа ќе му овозможи да се опорави максимално и да се подготви за наредната сезона“ – се потенцира во соопштението ана „езерџиите“ кои не успеаа да обезбедат место меѓу првите осум во Западната конференција.
Леброн во дебитантската сезона за Лејкерси имаше во просек на натпревар по 27 поени, 8,5 скокови и 8 асиситенции.