Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков постигна прекрасен гол на мечот кој неговиот тим Веспрем го одигра против Спортинг Лисабон, а тоа беше забележано од страна на ЕХФ и го доби признанието за најубав гол на реванш натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Крилото на Веспрем во една контра излезе еден на еден со противничкиот голман и го надмудри со шут од зад грб. Атракцијата на Манасков беше забележана од ЕХФ, па Манасков е на врвот кај најубавите голови.
Манасков мечот против Спортинг Лисабон го заврши со четири постигнати гола, а овој најубавиот беше еден од нив. Меѓу најубавите голови имаше место и за оној на Даниил Шишкарев од Вардар, кој атрактивно го измами голманот на ППД Загреб во Скопје и се најде на четвртото место во ова рангирање за најубавите голови изминатиот викенд.

