Крилото на Вардар, Тимур Дибиров, по освојувањето на титулата во СЕХА ракометната лига, вели дека триумфот ќе му биде посветен на Дисингер кој заработи повреда и најверојатно ја заврши сезоната.
„ Да се победи Загреб е тешко. Одлучија детали на крајот. По првото полувреме влеговме во соблекувална и молчевме, бевме шокирани од повредата на Дисингер. Овој триумф е за него, по кревањето на пехарот одиме веднаш да го поддржиме“ – вели Дибиров. .
Вардарци а утре ќе се вратат во Скопје и ќе се насочат кон четврт-финалниот двомеч со Пик Сегед во Лигата на шампионите.

