Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија ги доби противниците во квалификациите за ЕП
    Ракомет

    Македонија ги доби противниците во квалификациите за ЕП

    risteBy riste04/04/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство, што кон крајот на следната година ќе се игра во Норвешка и Данска.

    Селекцијата на Македонија предводена од Симе Симовски ќе играат против селекциите на Португалија, Чешка и „неизбежната“ Шведска. Групата не е премногу тешка, но не е ниту лесна, па веруваме дека сениорките ќе имаат шанса да се борат против Чешка за второто место во група, ако се знае дека Шведска е фаворит за прво, а Португалија е аутсајдер.

    Квалификациите ќе стартуваат на 25 или 26 септември годинава, а финишираат на 31 мај следната година. Тукму поради ова селекторот Симовски ќе има време да ги подготви девојките за овие натпревари.

    Група 1: квалификант, Австрија, Шпанија, Холандија
    Група 2: Литванија, Италија, Унгарија, Црна Гора
    Група 3: Косово, Белорусија, Словенија, Германија
    Група 4: Швајцарија, Словачка, Србија, Русија
    Група 5: Португалија, Македонија, Чешка, Шведска
    Група 6: Исланд, Турција, Хрватска, Франција
    Група 7: Фарски Острови, Украина, Полска, Романија

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.