Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Баерн ја пречекува Борусија Д. во мечот на сезоната во Бундеслигата
    Фудбал

    Баерн ја пречекува Борусија Д. во мечот на сезоната во Бундеслигата

    risteBy riste06/04/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва со почеток од 18:30 часот, се игра големото дерби во Бундеслигата, Баерн Минхен је пречекува Борусија Дортмунд во можеби најважниот натпревар во оваа сезона од Бундеслигата.

    „Милионерите“ му гостуваат на директниот ривал за титулата со два бода предност. Доколку останат непоразени, екипата предводена од Лусиен Фавр во последните шест кола од сезоната ќе имаат одлична шанса да ја прекине доминацијата на Баерн Минхен на домашната сцена.

    Од друга страна притисокот на овој натпревар ќе биде кај тренерот на Баварците Нико Ковач. Тој го загуби првото сезонско соочување со Борусија Дортмунд, а сега на „Алијанц Арена“ ќе нема право на грешка, доколку сака да остане во трка за титулата, но и да ја задржи работата.

    Додека беше на клупата на Ајнтрахт Франкфурт, Хрватот имаше негативен биланс на пресметките со Дортмунд, загуби три од четирите директни дуели со оваа екипа. Само на еден од нив извлече нерешен резултат и тоа му беше најдобриот резултат во дуелите со Борусија Дортмунд. Вечерва сите погледи во Германија ќе бидат кон Минхен каде многу работи ќе бидат познати по денешниот 120-ти дуел на овие две екипи.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.