Вечерва со почеток од 18:30 часот, се игра големото дерби во Бундеслигата, Баерн Минхен је пречекува Борусија Дортмунд во можеби најважниот натпревар во оваа сезона од Бундеслигата.
„Милионерите“ му гостуваат на директниот ривал за титулата со два бода предност. Доколку останат непоразени, екипата предводена од Лусиен Фавр во последните шест кола од сезоната ќе имаат одлична шанса да ја прекине доминацијата на Баерн Минхен на домашната сцена.
Од друга страна притисокот на овој натпревар ќе биде кај тренерот на Баварците Нико Ковач. Тој го загуби првото сезонско соочување со Борусија Дортмунд, а сега на „Алијанц Арена“ ќе нема право на грешка, доколку сака да остане во трка за титулата, но и да ја задржи работата.
Додека беше на клупата на Ајнтрахт Франкфурт, Хрватот имаше негативен биланс на пресметките со Дортмунд, загуби три од четирите директни дуели со оваа екипа. Само на еден од нив извлече нерешен резултат и тоа му беше најдобриот резултат во дуелите со Борусија Дортмунд. Вечерва сите погледи во Германија ќе бидат кон Минхен каде многу работи ќе бидат познати по денешниот 120-ти дуел на овие две екипи.