Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Организаторите на ВИЗ ЕР Скопскиот Маратон најавија богата програма
    Фудбал

    Организаторите на ВИЗ ЕР Скопскиот Маратон најавија богата програма

    dinoBy dino08/04/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Во пресрет на 15-от јубилеен Виз Ер Скопски Маратон, денеска беше реализирана средба со новинарите на која присуствуваа: Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар, директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски, Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Град Скопје и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.


    „Иако ова е нашиот 15-ти јубилеј, ние секоја година се трудиме сѐ повеќе и повеќе да внесуваме новости. Сакаме константно да се надградуваме. Оваа година благодарение на поддршката од Делегацијата на Европската Унија се организираат и бесплатни групни тренинзи кои започнаа од 28-ми март. Унијата е покровител и на ‘Штафетниот маратон – ЕУ за спорт’ кој оваа година има прекрасни нови медали кои одлично ја претставуваат ЕУ“ – рече Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.

    „Скопскиот маратон од домашен бренд прерасна во меѓународен од светски размери кој може да се изедначи со сите позначајни спортски настани од таков тип. Скопскиот Маратон секоја година ја пренесува пораката на спортистите а тоа е дружење, забава и вреднување на придобивките од спортот“- потенцираше директорот на АМСМ, Дарко Каевски.

    Во склоп на Виз Ер Скопски маратон се одржуваат неколку трки и тоа трката од 5 километри, полумаратонот, маратонот и штафетниот маратон. Пријавувањето за учество завршува на 22 април 2019, а самите стартни пакети ќе можат да се подигнат на 2-ри и 3-ти мај 2019 ви просториите на Парк Хотел и Спа. Заинтересираните може да се пријават кај официјалниот партнер на Виз Ер Скопски маратон https://www.smartrace.club/ или официјалниот веб сајт http://skopskimaraton.com.mk.

     

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.