Дуел на два добри познаници во Лигата на шампионите не очекува вечерва во четвртфиналето на ЛШ.
Манчестер Јунајтед е домаќин вечерва од 21,00 часот на својот „Олд Трафорд” на Барселона во првата средба меѓу двата тима од 1/4-финалето на Лигата на шампионите.
Гиганти на англискиот и шпанскиот фудбал се добро познати ривали во ова натпреварување, а ривалството во Европа датира од 1984 година. Јунајтед има нешто да им врати на каталонците откако последните две средби меѓу двата тима беа финалето во 2009 и 2011 година. Во секоја од нив, Барселона беше победник.
Сега каталонците се сметаат како фаворит, но не треба да заборавиме каква беше играта на „црвените ѓаволи” што ја демонстрираат по назначувањето на менаџерот Оле Гунар Солскјер.
Англичаните влегоа во фазата од 1/4 финале откако драматично го елиминираа францускиот шампион Париз Сен Жермен. На првиот натпревар, загубија со 0:2 на „Олд Трафорд“. Тоа беше, исто така, првиот пораз за норвешкиот стручњак на клупата на Јунајтед. Со тој резултат изгледаше дека немаат шанси на реваншот во Париз, но лошата игра на ПСЖ на домашен терен и одличната на Манчестер Јунајтед ги донесе до победа од 3:1 што им обезбеди пласман во четвртфиналето.
„Црвените ѓаволи” не се наоѓаат во најдобра форма откако имаат 3 победи и 3 порази во последните 6 натпревари во сите натпреварувања.
Формата на Барселона е во последно време добра. Тимот има 5 победи и 1 нерешен резултат во последните 6 натпревари. Лионел Меси се наоѓа во одлична форма, а Луис Суарез исто така игра одлично во последните натпревари. Уругваецот се запиша во листата на стрелци при успехот со 2:0 над Атлетико Мадрид во саботата вечер, а другиот гол беше дело на Меси. На тој начин „каталонците“ се на чекор од обезбедувањето на титулата во Шпанија/
Во Лигата на шампионите Барса исто така имаше за ривал тим од Франција во 1/8-финалето. Фудбалерите на тренерот Ернесто Валверде ги измерија силите со Олимпик Лион, во првата средба немаше погодоци. На реваншот сепак шпанските шампион се покажа безмилосно и победи со 5:1.
Поранешниот напаѓач на Барселона Алексис Санчез е со повреда и е под знак прашање за настап на оваа средба, но други сериозни измени во составот на Солскјер не се очекуваат.
Валверде пак нема да може да смета на долготрајно повредените Рафиња и Томас Вермален. Осман Дембеле се враќа во составот.
Можни состави:
Манчестер Јунајтед: Де Геа, Јанг, Смолинг, Линделоф, Шоу, Далот, Мактоминеј, Погба, Лингард, Рашфорд
Барселона: Тер Штеген, Алба, Лангле, Пике, Роберто, Артур, Бускетс, Ракитиќ, Суарез, Меси, Кутињо.
Натпреварот на „Олд Трафорд“ ќе го суди Џанлуиџи Роки од Италија

