Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Манчестер Јунајтед и Барселона го обновуваат големото ривалство
    Фудбал

    Манчестер Јунајтед и Барселона го обновуваат големото ривалство

    risteBy riste10/04/2019No Comments3 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Дуел на два добри познаници во Лигата на шампионите не очекува вечерва во четвртфиналето на ЛШ.

    Манчестер Јунајтед е домаќин вечерва од 21,00 часот на својот „Олд Трафорд” на Барселона во првата средба меѓу двата тима од 1/4-финалето на Лигата на шампионите.

    Гиганти на англискиот и шпанскиот фудбал се добро познати ривали во ова натпреварување, а ривалството во Европа датира од 1984 година. Јунајтед има нешто да им врати на каталонците откако последните две средби меѓу двата тима беа финалето во 2009 и 2011 година. Во секоја од нив, Барселона беше  победник.

    Сега каталонците се сметаат како фаворит, но не треба да заборавиме каква беше играта на „црвените ѓаволи” што ја демонстрираат по назначувањето на менаџерот Оле Гунар Солскјер.

    Англичаните влегоа во фазата од 1/4 финале откако драматично го елиминираа францускиот шампион Париз Сен Жермен. На првиот натпревар, загубија со 0:2 на „Олд Трафорд“. Тоа беше, исто така, првиот пораз за норвешкиот стручњак на клупата на Јунајтед. Со тој резултат изгледаше дека немаат шанси на реваншот во Париз, но лошата игра на ПСЖ на домашен терен и одличната на Манчестер Јунајтед ги донесе до победа од 3:1 што им обезбеди пласман во четвртфиналето.

    „Црвените ѓаволи” не се наоѓаат во најдобра форма откако имаат 3 победи и 3 порази во последните 6 натпревари во сите натпреварувања.

    Формата на Барселона е во последно време добра. Тимот има 5 победи и 1 нерешен резултат во последните 6 натпревари. Лионел Меси се наоѓа во одлична форма, а Луис Суарез исто така игра одлично во последните натпревари. Уругваецот се запиша во листата на стрелци при успехот со 2:0 над Атлетико Мадрид во саботата вечер, а другиот гол беше дело на Меси. На тој начин „каталонците“ се на чекор од обезбедувањето на титулата во Шпанија/

    Во Лигата на шампионите Барса исто така имаше за ривал тим од Франција во 1/8-финалето. Фудбалерите на тренерот Ернесто Валверде ги измерија силите со Олимпик Лион, во првата средба немаше погодоци. На реваншот сепак шпанските шампион се покажа безмилосно и победи со 5:1.

    Поранешниот напаѓач на Барселона Алексис Санчез е со повреда и е под знак прашање за настап на оваа средба, но други сериозни измени во составот на Солскјер не се очекуваат.

    Валверде пак нема да може да смета на долготрајно повредените Рафиња и Томас Вермален. Осман Дембеле се враќа во составот.

    Можни состави:
    Манчестер Јунајтед: Де Геа, Јанг, Смолинг, Линделоф, Шоу, Далот, Мактоминеј, Погба, Лингард, Рашфорд
    Барселона: Тер Штеген, Алба, Лангле, Пике, Роберто, Артур, Бускетс, Ракитиќ, Суарез, Меси, Кутињо.

    Натпреварот на „Олд Трафорд“ ќе го суди Џанлуиџи Роки од Италија

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.