Ракометарите на Вардар денеска го совладаа Металург со 32 спрема 31 со што ја забележаа и третата победа во трката за шампионската титула во Супер лигата.
Гостите од Автокоманда иако имаа предност по првиот дел од 18:15, не успеаа да го задржат ритамот во вториот кога „црвено-црните“ покажаа далеку подобра игра и успеаа да прокнижат нови бодови. Металург го имаше последниот напад за изедначување но, не успеа да погоди.
Во победничкиот тим се издвои Кисељев со осум голови додека Стоилов застана на пет. Шилегов во тимот на Металург заврши со осум голови пред Шпенде со четири.