Фановите на Ливерпул се крајно разочарани од односот на Луис Суарез на вчерашниот меч со Барселона во Лигата на фудбалските шампиони. Уругваецот константно ги провоцираше противничките фудбалери а имаше и експлозивна реакција на радост кога погоди за 1-0. Токму на таквиот негов однос реагираа фановите на „црвените“ кои претходно му даваа огромна поддршка кога настапуваше три сезони во дресот на „црвените“.
„Секогаш го почитував, но, тоа исчезна откако видов како провоцира во текот на целиот натпревар. А како само го прослави голот, како да игра против најомразениот клуб. Изненаден сум бидејќи сите знаеме колку го почитуваат во Ливерпул гледано во клубот и меѓу фановите “ – напиша еден навивач на англискиот состав.
Суарез во 2011 година за нешто повеќе од 26 милиони евра го напушти Ајакс и се пресели на „Енфилд“. Голгетерот кој во три сезони одигра 133 мечеви и постигна 82 гола беше во континуитет миленик на навивачите.