Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Навивачите на Ливерпул му се лути на Суарез
    Фудбал

    Навивачите на Ливерпул му се лути на Суарез

    dinoBy dino02/05/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Фановите на Ливерпул се крајно разочарани од односот на Луис Суарез на вчерашниот меч со Барселона во Лигата на фудбалските шампиони. Уругваецот  константно ги провоцираше противничките фудбалери а имаше и експлозивна реакција на радост кога погоди за 1-0. Токму на таквиот негов однос реагираа фановите на „црвените“ кои претходно му даваа огромна поддршка кога настапуваше три сезони во дресот на „црвените“.

    „Секогаш го почитував, но, тоа исчезна откако видов како провоцира во текот на целиот натпревар. А како само го прослави голот, како да игра против најомразениот клуб. Изненаден сум бидејќи сите знаеме колку го почитуваат во Ливерпул гледано во клубот и меѓу фановите “ – напиша еден навивач на англискиот состав.

    Суарез во 2011 година за нешто повеќе од 26 милиони евра го напушти Ајакс и се пресели на „Енфилд“. Голгетерот кој во три сезони одигра 133 мечеви и постигна 82 гола беше во континуитет миленик на навивачите.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Тухел: „Н’Голо Канте ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда“

    19/08/2022

    Интер уште еднаш го одби ПСЖ за Милан Шкрињар

    19/08/2022

    Чурлинов: „Дојдов во Барнли да помогнам да се врати во Премиер лигата“

    19/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Тухел: „Н’Голо Канте ќе биде надвор од терените неколку недели поради повреда“
    • Интер уште еднаш го одби ПСЖ за Милан Шкрињар
    • Чурлинов: „Дојдов во Барнли да помогнам да се врати во Премиер лигата“
    • Наполи го потврди потписот на Џовани Симеоне
    • Охридскиот пливачки маратон сепак ќе се одржи
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.