Македонскиот ракометен шампион Вардар, вечерва (19 ч.) во Унгарија е пред голем испит. Во трката за трето последователно учество на финалниот турнир од Лигата на шампионите, момците на Парондо на гостувањето кај Пик Сегед ќе ја бранат предноста од 8 гола обезбедена на првиот меч во Скопје.
„Вардарци“ уште од петокот се во Сегедин, а вчера го одработија и последниот тренинг пред возвратниот четвртфинален дуел против унгарскиот шампион.
Во опуштена атмосфера момците на Роберто Гарсија Парондо се надеваат на реприза на скопската партија која ќе им обезбеди виза за Келн.
Денеска веќе стана познат и списокот на ракометарите со кој и двата тима ќе го почнат дуелот.