Ракометарите на Вардар денеска во 18:00 часот, на домашен терен ќе го пречекаат тимот на Еурофар Работник од Битола во меч кој ако Вардар го добие, ќе значи и недостижна предност на табелата и на две кола до крајот ќе ја верификува најновата шампионска титула.
Бидејќи најверојатно последното коло ќе се игра по Ф4 во Келн, РФМ ќе биде подготвен денеска, доколку Вардар победи, веднаш да му ги додели медалите и пехарот, додека се сите играчи заедно во клубот. Вардар е голем фаворит на оваа средба и доколку одиграат со најдобриот состав не би требало да ја пропуштат оваа шанса и денеска да бидат крунисани како шампиони на Македонија. З
а црвено-црните ова ќе биде петта шампионска титула по ред или 13-та од вкупно 27 државни првенства. Вардар е убедливо најуспешниот клуб во Македонија со 12 освоени титули, второпласираните на оваа ранглиста се Металург и Пелистер кои имаат по шест. Преспа и Борец се екипите кои се имаат радувано на по една титула.
Натпреварот Вардар – Еурофарм Работник кој се игра во СЦ „Јане Сандански“ се игра од 18 часот, а ќе може да го следите во живо низ нашата програма на фрекгенцијата на Спортско радио 90,3 ФМ.