Ракометарите на Вардар со денешната победа во дербито против Еурофарм Работник со 36:29, успеаа да ја обезбедат титулата на две кола пред крајот на Супер лигата.
Во СЦ Јане Сандански „црвено-црните“ одиграа максимално мотивирано и по 13. пат во клупската историја се израдуваа на шампионскиот пехар. Во победничкиот тим Тимур Дибиров беше лидер кај голгетерите со 10. погодоци додека кај Битолчани се издвои Филип Кузмановски постигнати осум голови.
На две кола до крајот на сезоната Вардар има 24 бодови или шест повеќе од Еурофарм. Бидејќи тимот од Скопје е подобар во меѓусебните пресметки, тоа значи дека титулата и теоретски гледано ќе остане во ризницата на Вардар.