Претседателот на ракометниот состав Кијелце, Бертуш Сервас, потврди дека Лука Циндриќ ќе замине во редовите на Барселона. Трансферот треба да се реализира по завршувањето на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите закажан во текот на викендот во Келн.
„ Ги привршуваме преговорите. Ќе се договориме со Барселона. Лука е среќен бидејќи од мал сакал да игра во Барселона и тешко е да се отфрли таквата понуда“ – вели Сервас без да прецизира околу трансферната сума.
Според одредени шпекулации, таа ќе биде околу половина милион евра. Хрватскиот играч кој пред две сезони со Вардар ја покори Европа, во редовите на Каталонците треба да биде замена за Раул Ентрериос.

