Денес во канцелариите на ИХФ во Базел беше извршена ждрепката за претстојното светско кадетско првенство, кое во август ќе се одржува во нашата држава.
Македонскиот селектор Данило Брестовац, генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски и првиот човек Живко Мукаетов, ја имаа главната улога во оваа ждрепка, а својата репрезентација ја сместија во групата Ц заедно со репрезентациите на Нигерија, Аргентина, Јапонија, Бахраин, Данска.
На ова СП ќе учествуваат 24 репрезентации, а првата фаза ќе биде поделена во четири групи со по шест селекции.
А – Саудиска Арабија, Чиле, Норвешка, Шпанија, Хрватска, Словенија
Б – Канада, Тајпеј, Египет; Франција, Шведска, Унгарија
Ц – Македонија, Нигерија, Аргентина, Јапонија, Бахраин, Данска
Д – Португалија, Бразил, Тунис, Германија, Исланд, Србија
Светското првенство ќе се одржи во Скопје во периодот од 06 до 18 август.