Нашиот репрезентативен голман, Никола Митревски, во наредната сезона ќе ги брани боите на Еурофарм работник.
33-годишниот искусен чувар на мрежата по две години поминати во романска Доброгеа ќе се врати во родната Битола. „Фармацевтите“ со неговиот ангажман ќе добијат одлично засилување за новата меѓународна сезона во која ќе се појават во СЕХА лигата.
Митревски кариерата ја започна во Пелистер а потоа ги бранеше боите и на Вардар, Металург и португалската Бенфика.
