Кошаркарките на Вардар со 3:0 во финалната серија од Плејофот во домашното првентсво во женска сениорска конкуренција триумфираа над противничките од Бадел 1862.
„Вардарки“ предводени од Жаклина Стојановска трипати за една недела славеа над противничкиот тим и сосема заслужено ја освојуваат титулата. Вардар го победи Бадел 1862 со 75:44, 63:83 и синоќа 79:65.
За кошаркарките на Вардар ова е премиерна титула во оваа конкуренција. Токму Славица Наков од Вардар ја доби наградата најкорисен играч (MVP) на финалната серија.

