Ракометниот клуб Еурофарм Работник продолжува со новите засилувања на тимот за следната сезона.
Откако вчера го официјализираше трансферот на македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, од Еурофарм Работник денес го објавија најновото засилување.
Се работи за Бојан Маџовски кој доаѓа од екипата на Металург. Левото крило потпиша тригодишен договор со битолскиот тим. За Маџовски ова нема да биде прв престој во Битола,з атоа што помина две години во екипата на Пелистер. Бојан Маџовски е потенцијален репрезентативец и ќе биде уште една опција на крилната позиција, каде што веќе настапува капитенот Гоце Ојлески.

Во моментов во Еурофарм Работник се размислува за уште неколку засилувања, а меѓу нив е уште еден играч на Металург, Марио Танковски кој би можел да го напушти Скопје и да се пресели во Битола.
