ЕХФ (Европската ракометна федерација) пред стартот на Ф4-турнирот во Келн го објави идеалниот тим на Лигата на шампионите, а во него доминираат ракометарите во „црвено-црните“ , односно нашиот шампион Вардар.
Пет вардарци се најдоа во идеалниот тим, во сите конкуренции. Македонскиот претставник на Ф4-турнирот меѓу најдобрите ги има најдобриот голман, лево крило, десен бек, десно крило и тренер.
Еве како изгледа идеалниот тим на Лигата на шампионите:
Голман: Дејан Милосављев (Вардар)
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Среден бек: Кентин Мае (Веспрем)
Кружен напаѓач Јулен Агинагалде (Киелце)
Десен бек: Даинис Кристопанс (Вардар)
Десно крило: Иван Чупиќ (Вардар)
Дефанзивец: Блаж Благотиншек (Веспрем)
Млад ракометар: Лудовик Фабрегас (Барселона)
Тренер: Роберто Гарсија Парондо (Вардар)
Нека ова биде дополнителен мотив за ракометарите на Вардар да ја завршат сезоната со уште еден трофеј.