Ракометарите на Вардар денеска во „Ланксес Арена“ во Келн ќе го започнат настапот на завршниот финален турнир во Лигата на шампионите.
„Црвено-црните“ од 18.00 часот во второто полу-финале ќе излезат на мегдан со моќната Барселона која супериорно влезе меѓу најдобрите четири екипи на стариот континент. Двата тима имаат богата традиција со одиграни 14 средби во групната фаза од Лигата на шампионите и еден меч на Ф4 турнирот пред две години кога нашиот тим сензационално го освои шампионскиот пехар. Бројките се на страна на шпанскиот состав кој има 13 победи, вардарци имаат две а еден дуел завршил нерешено.
Во првото полу-финале од 15.15 часот ќе се сретнат Веспрем (Унгарија) и Кеилце (Полска). Победниците од денешните мечеви утре на истата локација ќе се борат за вредниот трофеј во Лигата на шампионите.
