Вечерва се игра големото финале на ЕХФ Лигата на шампиони, Вардар и Веспрем ќе се бодат за титулата.
Двајцата тренери Роберо Гарсија Парондо и Давид Дејвис ги пријавија тимовите за финалето на Лигата на шампионите попладнево во Келн. И покрај проблемите по полуфиналните натпревари, во официјалниот протокол се најдоа повредените Карачиќ кај Вардар и Штербик и Наѓи кај Веспрем.
Сеуште не е јасно дали сите тројца ќе бидат подготвени за настап на оваа средба или само се во протоколот, останува да видиме попладнево кога ќе ситрчаат на терен за загревање.Од она што доаѓа како информација од Келн, повредата на Штербик е посериозна, додека Карачиќ има реални шанси да игра, а исто така и Наѓи од Веспрем.
Финалето ќе го судат Германците Гепег и Хелбиг, истите судии кои ја делеа правдата на историскиот натпревар за Вардар во 2017 година кога го победија ПСЖ и ја освоија титулата.