Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Ракометарките посакуваат победа против Словенија
    Ракомет

    Ракометарките посакуваат победа против Словенија

    risteBy riste02/06/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Женската македонска ракометна репрезентација вечерва го игра првиот натпревар од бараж двомечот против Словенија, кој се игра за пласман на Светското првенство (СП) кое оваа година ќе се игра во Јапонија.

    Ждрепката овој пат сакаше да играме против селекцијата на Словенија, но оваа репрезентација не е баук, се работи за национален тим кој редовно е учесник на големите натпреварувања, но исто така и доста млад тим кој има играчи кои играат во ракометната ЛШ.

    Во редовите на нашата репрезентација владее оптимизам , на чело со селекторот Симе Симовски нашите репрезентативки посакуваат победа со која ќе патувата на реваншот во Словенија. Досега Македонија и Словенија имаат одиграно 4 натпревари, а традицијата не е на наша страна затоа што Македонија нема ниедна победа. Сепак можеби некаква надеж ни даваат последните два порази кои беа минимални.

    Меѓусебни дуели:
    2018 – Словенија – Македонија 30-29
    2016 – Македонија – Словенија 21-22
    2016 – Словенија – Македонија 35-17
    2013 – Словенија – Македонија 32-21

    Натпреварот меѓу Македонија и Словенија се игра од 20:30 часот, во СЦ „Борис Трајковски“, а влезот за сите љубители на ракометот е слободен.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.