Хрватскиот интернационалец, Игор Карачиќ, кој беше прогласен за „најкорисен играч на Ф4 турнирот во Келн“ , вели дека сите играчи на Вардар ја заслужуваат наградата.
Тој иако според најавите настапи повреден, одигра маестрален меч во големото финале и доби шанса прв да го подигне победничкиот пехар.
„Сите од Вардар заслужија да бидат МВП. Горд сум на сите соиграчи, одигравме храбро, со победнички карактер, покажавме со каква желба го носиме дресот на Вардар. Имавме многу проблеми, и со повреди, и со финансии во текот на целата сезона, и на крајот успеавме. Навистина сме горди“, изјави Игор Карачиќ по триумфот над Веспрем во финалето на Ф4 турнирот во Келн.

