Поранешниот тренер на ракометарите на Вардар, Веселин Вујовиќ, кој е огромен миленик и на навивачите на „црвено-црните“, во гостување во специјалната програма посветена на Лигата на шампионите во Келн имаше ласкави зборови за новиот европски шампион.
„Чувството како поранешен тренер на Вардар е неверојатно. Постојано сум во контакт со играчите, со навивачите и тешко можам да го објаснам подвигот. Можам да замислам како тие се чувствуваат“ – потенцираше Вујовиќ и испрати посебна порака до сите во Македонија.
„Мора да биде запишано во Статутот на земјата дека Вардар не смее да згасне“ – потенцираше Вујовиќ.

