Вардаровата експедиција денес се враќа во Скопје, а Град Скопје најави дека ќе биде организиран пречек на нашите ракометари на плоштадот „Македонија“.
Според првичната агенда, ракометарите на Вардар требаше да се враќаат назад во Скопје со два лета и вечерва околу полноќ, но, сепак има промена.
Ќе биде организиран чартер лет и новите европски шампиони ќе слетаат на „Аеродром Скопје“ во 18:50 часот. Веднаш потоа ќе се упатат кон плоштадот „Макеоднија“ каде се очекува да бидат пречекани од огромоен број на навивачи и љубители на спортот..
Ги повикуваме сите да дојдат на плоштадот „Македонија“ , а останатите моѓат да ја следат нашата програма во живо од „Аеродром Скопје“ и плоштад „Македонија“.