Спортското радио 90.3 фм денеска во живо ќе ги пренесува случувањата од пристигнувањето на ракометарите на Вардар во Скопје по освојувањето на европската ракометна круна. Во живо ќе се вклучуваме од аеродромот по пристигнувањето во ракометарите кое е планирано околу 18.50 часот, а потоа во живо ќе бидеме и на плоштадот „Македонија“. Следете ја во живо нашата денешна програма.

