Бевме и сеуште сме сведоци дека цела нација е горда на успехот на ракометарите на Вардар, кои успеаа да направат уште еден подвиг и да стигнат до шампионската титула, станаа европски прваци на десеттиот „фајнал-фор“ на Лигата на шампионите во Келн. Ова е уште голем чекор напред за македонскиот клупски ракомет и рејтингот на Македонија во ракометот.
Ракометната федерација упати честитка до РК Вардар и порача овој успех да биде ѕвезда водилка во спортската историја.
„Секоја чест за одржаната лекција по ракомет на деветкратниот европски шампион на Шпанија и четирикратниот претендент за титулата од Унгарија. Огромно БРАВО за борбеноста, истрајноста, силниот тимски дух, единството во составот и карактерот. Нека двапати издвојуваниот најпосакуван ракометен трофеј на стариот контитент освоен под македонско знаме силно свети како ѕвезда водилка во македонската спортска историја. Ви посакуваме вашата спортска приказна да продолжи со уште многу високи достигнувања“, стои во честитката на РФМ до РК Вардар.

