Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски ги прими ракометарите на Вардар кои по втор пат станаа европски шампиони и ја израдуваа нацијата. На приемот во претседателската резиденција, ракометарите беа примени од претседателот Пендаровски, а притоа му подарија дрес и топка.
По примеот, претседателот Пендаровски преку социјалните мрежи им се заблагодари на раометарите
„Ги пречекавме европските шампиони, нашите спортски херои од РК Вардар !!!
Момци, честитки и ви благодариме уште еднаш што не’ направите горди! Ќе се заложиме сите, успешната приказна на РК Вардар, да продолжи и понатаму да биде наша гордост и да се надградува со нови трофеи и успеси“ напиша претседателот Пендаровски на фејсбук профилот.

