Кошаркарите на Торонто поведоа со 2 спрема против Голден Стејт во финалето на НБА лигата откако во текот на ноќта славеа на гостувањето со 123 спрема 109.
Домаќините кои настапија без Кевин Дурант и Клеј Томпсон, не успеаа да му парираат на расположениот гостински состав. Единствено Стеф Кари беше на висина на задачата со 47 поени, 7 асистенции и 8 скокови. Кај Торонто, Кавај Ленард постигна 30 поени, Лаури 23, Грин и Сикам по 18 а Гасол застана на 17 кошеви.
Четвртиот натпревар од финалната серија ќе се одигра на 8-ми јуни во три часот изутрина по средно-европско време. Домаќин ќе биде Голден Стејт.