Женската ракометна репрезентација на Македонија не успеа да обезбеди пласман на Светското првенство во Јапонија, откако во двата бараж-натпревари беше убедливо совладана од селекцијата на Словенија. По скопскиот пораз во неделата, избраничките на селекторот Симовски, вечерва загубија и на гостувањето во Целје.
Словенија однесе убедлива победа од 38:27 и со тоа само ја потврди победата од три гола разлика на дуелот во Скопје.
