Македонската фудбалска репрезентација е поразена во третиот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 година. Полска беше селекцијата која и го нанесе првиот пораз на нашата селекција во овие квалификации, опбедувајќи во Скопје со минимални 1:0.
Единствениот гол на оваа средба го постигна Пјонтек кој влезе во игра во 46.минута, а веќе во 47,минута искористи една мешаница во нашиот шеснаесетник и лошата интервенција на Алиоски кој не успеа да ја исфрли топката со глава од нашиот казнен простот, а Пјонтек ја упати топката кон нашиот гол, а немоќен беше и голманот Димитриевски кој не интервенираше најдобро и топката заврши во голот на Македонија.
Од тој момент селекторот Ангеловски се обиде со измените и влегувањата на Трајковски, Адеми и Хасани да направи одреден притисок кон голот на Полска , но тоа не резултираше со погодок. Во финишот од мечот Македонија остана со играч помалку поради вториот жолт картон кој го заработи Муслиу поради прекршокот над Левандовски на противничката половина.
Бидејчи Израел славеше над Летонија со 3:0 на гостински терен, а Австрија ја победи Словенија дома со 1:0, можеме да кажеме дека следниот натпревар ан Македонија против Австрија во понеделник ќе биде многу важен во борбата за 2-то место во нашата група, кое исто така води на ЕП 2020 година.