Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Полска со среќен гол стигна до три бода од Скопје
    Фудбал

    Полска со среќен гол стигна до три бода од Скопје

    risteBy riste07/06/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонската фудбалска репрезентација е поразена во третиот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 година. Полска беше селекцијата која и го нанесе првиот пораз на нашата селекција во овие квалификации, опбедувајќи во Скопје со минимални 1:0.

    Единствениот гол на оваа средба го постигна Пјонтек кој влезе во игра во 46.минута, а веќе во 47,минута искористи една мешаница во нашиот шеснаесетник и лошата интервенција на Алиоски кој не успеа да ја исфрли топката со  глава од нашиот казнен простот, а Пјонтек ја упати топката кон нашиот гол, а немоќен беше и голманот Димитриевски кој не интервенираше најдобро и топката заврши во голот на Македонија.

    Од тој момент селекторот Ангеловски се обиде со измените и влегувањата на Трајковски, Адеми и Хасани да направи одреден притисок кон голот на Полска , но тоа не резултираше со погодок. Во финишот од мечот Македонија остана со играч помалку поради вториот жолт картон кој го заработи Муслиу поради прекршокот над Левандовски на противничката половина.

    Бидејчи Израел славеше над Летонија со 3:0 на гостински терен, а Австрија ја победи Словенија дома со 1:0, можеме да кажеме дека следниот натпревар ан Македонија против Австрија во понеделник ќе биде многу важен во борбата за 2-то место во нашата група, кое исто така води на ЕП 2020 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Чодри ќе замине на позајмица

    10/08/2022

    „Спарси“ ќе треба да ја зголемат понудата

    10/08/2022

    Рабиот бара голема плата во Јунајтед

    10/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ауди и Порше не брзаат со иновациите
    • Чодри ќе замине на позајмица
    • „Спарси“ ќе треба да ја зголемат понудата
    • Рабиот бара голема плата во Јунајтед
    • Африканците добија дозвола од ФИФА
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.