Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Ангеловски: „Еден удар на противникот не чинеше пораз“
    Фудбал

    Ангеловски: „Еден удар на противникот не чинеше пораз“

    risteBy riste08/06/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонија е поразена од Полска, но селекторот на нашата репрезентација е задоволен од залагањето и од тактиката која ја спроведоа нашите репрезентативци, со тоа што една грешкаи неисфрлена топка од нашиот шеснаесетник не чинеше пораз од 1:0.

    „Во второто полувреме Полска постигна брз гол и се повлече, ни остави многу простор по крилните позиции и тоа налагаше да играме на нафрлени топки. Имавме свои шанси, Фабиански му одбрани прекрасна шанса на Несторовски во вториот дел. Една лошо исфрлена топка нè чинеше пораз, но тоа не може да фрли црна дамка во натпреварот. Ако го погледнете статичкиот приказ, Полска славеше со само еден удар во голот. Знам дека резултатот е најважен, но истиот пристап ќе го повториме и со Австрија и се надевам дека нема да ни се случат вакви грешки. Аплаузот на крајот од натпреварот говори како одиграа нашите фудбалери. Имавме ситуации во кои моравме да реагираме подобро. Не би говорел од што не сум задоволен, тоа ќе им го објаснам на фудбалерите во соблекувалната. Немам никаква замерка на борбеноста. Резултатот налагаше да менувам од 3-5-2 во 4-4-2, но останавме без Муслиу во последните минути и не успеавме да ја реализираме нашата замисла. Единствено замената со Ристовски беше принудна, бидејќи Стефан се пожали на повреда на листот“, изјави селекторот Ангеловски.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.