Македонија е поразена од Полска, но селекторот на нашата репрезентација е задоволен од залагањето и од тактиката која ја спроведоа нашите репрезентативци, со тоа што една грешкаи неисфрлена топка од нашиот шеснаесетник не чинеше пораз од 1:0.
„Во второто полувреме Полска постигна брз гол и се повлече, ни остави многу простор по крилните позиции и тоа налагаше да играме на нафрлени топки. Имавме свои шанси, Фабиански му одбрани прекрасна шанса на Несторовски во вториот дел. Една лошо исфрлена топка нè чинеше пораз, но тоа не може да фрли црна дамка во натпреварот. Ако го погледнете статичкиот приказ, Полска славеше со само еден удар во голот. Знам дека резултатот е најважен, но истиот пристап ќе го повториме и со Австрија и се надевам дека нема да ни се случат вакви грешки. Аплаузот на крајот од натпреварот говори како одиграа нашите фудбалери. Имавме ситуации во кои моравме да реагираме подобро. Не би говорел од што не сум задоволен, тоа ќе им го објаснам на фудбалерите во соблекувалната. Немам никаква замерка на борбеноста. Резултатот налагаше да менувам од 3-5-2 во 4-4-2, но останавме без Муслиу во последните минути и не успеавме да ја реализираме нашата замисла. Единствено замената со Ристовски беше принудна, бидејќи Стефан се пожали на повреда на листот“, изјави селекторот Ангеловски.