Вечерва официнајлно стартува едно од најпопуларните фудбалски натпреварувања во Јужна Америка, Копа Америка.
Пред точно пет години во Бразил се играше најголемиот спортски собир, Светското првенство во фудбал, а од вечерва оваа земја е домаќин и на Копа Америка, најстарото репрезентативно натпреварување во светот и шампионат на Јужна Америка.
По Чиле и САД, Бразил ќе биде домаќин на првиот од двата турнири во две години, откако КОНМЕБОЛ донесе одлука следната година да биде одигран вонреден турнир на Копа Америка, а во улога на организатори ќе бидат заедно Аргентина и Колумбија.
Натпеварите од Копа Америка оваа сезона се играат во градовите Рио де Жанеиро, Порто Алегре, Бело Хоризонте, Сао Паоло и Салвадор. Во Рио де Жанеиро натпреварите ќе се играат на легендарната „Маракана“ која има капацитет од 74.738 гледачи. Сао Паоло пријави два стадиони – „Морумби“ и „Арена Коринтијанс“ со капацитет од 67.428 гледачи, односно 49.205 места
Бело Хоризонте ќе биде претставен од стадионот „Минеирао“ кој има капацитет од 58.170 седишта, а во Порто Алегре натпреварите ќе се играат на „Арена де Гремио“ пред максимални 55.662 гледачи. Салвадор ќе биде домакин на стадионот „Арена Фонте Нова“, објект кој има капацитет од 51.900 седишта.
Финалето ќе се игра на „Маракана“ во Рио де Жанеири, а поголемиот дел од влезниците се веќе распродадени па се очекува убава атмосфера на трибините. На отварањето на Копа Америка вечерва во 02.30 часот по полноќ во Сао Паоло на стадионот „Морумби“ ќе играат домашната селекција на Бразил и Боливија.