Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Вечерва стартува новото издание на Копа Америка
    Фудбал

    Вечерва стартува новото издание на Копа Америка

    risteBy riste14/06/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Вечерва официнајлно стартува едно од најпопуларните фудбалски натпреварувања во Јужна Америка, Копа Америка.

    Пред точно пет години во Бразил се играше најголемиот спортски собир, Светското првенство во фудбал, а од вечерва оваа земја е домаќин и на Копа Америка, најстарото репрезентативно натпреварување во светот и шампионат на Јужна Америка.

    По Чиле и САД, Бразил ќе биде домаќин на првиот од двата турнири во две години, откако КОНМЕБОЛ донесе одлука следната година да биде одигран вонреден турнир на Копа Америка, а во улога на организатори ќе бидат заедно Аргентина и Колумбија.

    Натпеварите од Копа Америка оваа сезона се играат во градовите  Рио де Жанеиро, Порто Алегре, Бело Хоризонте, Сао Паоло и Салвадор. Во Рио де Жанеиро натпреварите ќе се играат на легендарната „Маракана“ која има капацитет од 74.738 гледачи. Сао Паоло пријави два стадиони – „Морумби“ и „Арена Коринтијанс“ со капацитет од 67.428 гледачи, односно 49.205 места

    Бело Хоризонте ќе биде претставен од стадионот „Минеирао“ кој има капацитет од 58.170 седишта, а во Порто Алегре натпреварите ќе се играат на „Арена де Гремио“ пред максимални 55.662 гледачи. Салвадор ќе биде домакин на стадионот „Арена Фонте Нова“, објект кој има капацитет од 51.900 седишта.

    Финалето ќе се игра на „Маракана“ во Рио де Жанеири, а поголемиот дел од влезниците се веќе распродадени па се очекува убава атмосфера на трибините. На отварањето на Копа Америка вечерва во 02.30 часот по полноќ во Сао Паоло на стадионот „Морумби“ ќе играат домашната селекција на Бразил и Боливија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.