Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Буфон пред враќање во Италија, една од опциите е Аталанта
    Фудбал

    Буфон пред враќање во Италија, една од опциите е Аталанта

    risteBy riste21/06/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Поранешниот голман на репрезентацијата на Италија и Јувентус, Џанлуиџи Буфон, може да оди во Аталанта, објави „Скај Спорт Италија“. Откако стана јасно дека голманот нема да го обнови договорот со ПСЖ беше најавено негово враќање во Италија.

    Имаше информации дека 41-годишниот фудбалер добил понуда од Бреша, која се врати во Серија „А“. Исто така, италијанските медиуми тврдеа дека Буфон има опции да ја продолжи кариерата во Лацио или Џенова.

    Покрај тоа, беше објавено дека приоритетната опција за голманот е да се врати во Парма, од каде што ја започна кариерата. Сепак последните информации велат дека Буфон има опција да игра во Бергамо во дресот на Аталанта која оваа година ќе игра во Лигата на шампионите.

    Минатата сезона, голманот одигра 25 натпревари за ПСЖ и притоа прими 25 гола. Парижаните одлучија да не го продолжат договорот со ветеранот, кој завршуваше по крајот на сезоната.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.