Кошаркарот на Далас, Лука Дончич, ја доби наградата за „најдобар дебитант“ во НБА лигата. Бекот од Словенија доби најмногу гласови и ги остави зад него Треј Јанг од Атланта Хокс и ДеАндре Ејтон од екипата на Феникс Санс.

20-годишниот талент е првиот играч на Далас кој успеал да дојде до престижниот трoфеј по речиси четвртина век. Последен тоа го направи Џејсон Кид во сезоната 1994/1995. Дончич кој во претходното лето беше избран како трет пик на Драфтот покажа блескава игра во дебитантската сезона и во 72 меча имаше во просек: 21.2 коша, 7.8 скокови, 6,0 асистенции, 1,1 одземени топки и 42.7% прецизен шут.
Ќе издвоиме дека втора година по ред наградата за „дебитант на сезоната“ оди кај кошаркар кој е роден надвор од САД. Минатата година ја освои Бен Симонс (Австралија) а во целата историја на Лигата само уште двајца странци дошле до неа- Ендрју Вигинс (Канада) и Пол Гасол (Шпанија).
