Откако вчера Валенсија го најави ангажманот на Јаспер Силесен со специјално видео, каталонскиот клуб Барселона и официјално ја потврди продажбата на холандскиот голман.
„Барселона и Валенсија постигнаа согласност за условите за трансфер на Јаспер Силесен. Валенсија ќе плати 35 милиони евра. Барселона му се заблагодарува на Силесен за посветеноста и лојалноста, истовремено му посакува многу успеси во иднина”, напишаа од „Камп Ноу” на својот официјален сајт.
https://twitter.com/FCBarcelona/status/1143967393951211522
Силесен пристигна во Барселона во 2016 година од Ајакс. Тогаш Барса плати 13 милиони евра. Холанѓанецот одигра вкупно 32 натпревари во кои прими 25 гола. Со Барселона освои 6 трофеи, две титули, два купа на Шпанија и два Суперкупа на Шпанија. По 1 јули Барселона ќе го пополни местото на Силесен со Нето, кој досега беше стартен голман на Валенсија.

