Вардар и Еурофарм Работник денеска ќе ги дознаат противниците со кои ќе играат во групите на ЕХФ Лигата на шампионите.
Вардар ќе игра во некоја од групите А или Б. Единствените противници со кои нема да може да игра се ПСЖ кој исто така е во првиот шешир и со ППД Загреб кој дели шешир со Монпеље. Вардар и Монпеље ќе бидат во иста група, се друго ќе реашава ждрепката.
Еурофарм Работник ќе го има својот дебитантски настап во Лигата на шампионите во групите Ц или Д. Според тоа дека Битолчани нема да можат да играат против екипите на Кристијанштад и со Динамо Букурешт, тпоа значи дека сигурни противник во групата ќе им биде Савехоф од Гетеборг.
Ждрeпката ќе се одржи вечерва од 18 часот во Виена.

