Ракометарите на Еурофарм Работник дебитантската сезона во Лигата на шампионите ќе ја започнат на домашен терен со португалскиот Спортинг во терминот од 11-15.09.2019 а потоа ќе гостуваат кај шведскиот Савехоф. Тој меч треба да се одигра од 18 до 22 септември.
Еве го натамошниот распоред на Битолчани во Групата „Ц“.
3 коло (25-29.09.2019) Ирун – Еурофарм Работник
4 коло (09-13.10.2019) Еурофарм Работник – Кокс
5коло (16-20.10.2019) Еурофарм Работник – Татран Прешов
6 коло (30.10 – 3.11.2019) Татран Прешов – Еурофарм Работник
7 коло (06-10.11.2019) Спортинг – Еурофарм Работник
8 коло (13-17.11.2019) Еурофарм Работник – Савехоф
9 коло (20-24.11.2019) Кокс – Еурофарм Работник
10 коло (27.11 – 01.12.2019) Еурофарм Работник – Ирун
Ракометарите на Еурофарм Работник ќе се обидат да дојде до првите две места во групата кои обезбедуваат учество во плеј-офот.