Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Работник го промовираше Ловро Јотиќ како најново засилување
    Ракомет

    Еурофарм Работник го промовираше Ловро Јотиќ како најново засилување

    risteBy riste03/07/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Работник веднаш најде замена за Остоушко кој го напушти тимот од Битола и денеска официјално го претстави своето шесто летно засилување.

    Амбициозниот тим на Еурофарм Работник од ден во ден сè повеќе расте, а челните лица на клубот веќе сериозно го засилуваат играчкиот кадар за следните предизвици и играњето во СЕХА лигата и Лигата на шампионите.

    Тимот од Битола денес го претставија своето најголемо интернационално засилување ова лето, а тоа е привремениот хрватски репрезентативец Ловро Јотиќ, кој доаѓа од редовите на ППД Загреб. Јотиќ со Еурофарм Работник потпиша договор на две години. 24-годишниот ракометар кој е висок 191 сантиметри е хрватски репрезентативец, негова природна позиција е среден бек, но одлично може да се снајде и како лев бек.

    Во својата кариера има големо искуство, играјќи во СЕХА лигата и Лигата на шампионите, а беше дел и од последното Светско првенство во Германија и Данска , откако Лино Червар го повика како замена за повредениот Лука Циндриќ. Јотиќ е шестото летно засилување за Еурофарм Работник кои интензивно се подготвуваат за историските настапи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.