Поранешниот НБА шампион со екипата на Торонто Каваи Ленард, кој е слободен агент, се подготвува да потпише договор со Лос Анџелес Клиперс, велат извештаите на „ESPN“.
28-годишниот кошаркар минатото лето се пресели во Торонто од Сан Антонио и беше избран за МВП во финалето. Пол Џорџ, исто така, ќе ја продолжи кариерата во ЛА Клиперс.
Оклахома ќе го замени за Шеј Гилџес-Александер, Данило Галинари и неколку први избори на драфтот.