Словенечкиот интернационалец Домен Сикошек Пелко (21) денеска потпиша договор со „црвено-црните“ на една сезона, со можност соработка да продолжи уште две сезони.
За 202 сантиметри високиот интернационалец ова ќе биде второ искуство со играње надвор од Словенија. Лани настапуваше во австрискиот клуб Брук. Сикошек Пелко ќе им биде соиграч на Стојанче Стоилов и на Сергеј Горпишин на пикерската позиција.
„Голема чест и задоволство е кога може да ти се исполнат соништата и да добиеш шанса да играш за европски првак и институција каква што е Вардар. Знам дека ме чека уште многу сериозна и напорна работа и докажување, но и сигурен сум дека ќе дадам се од себе, па и повеќе од 100 отсто. Се радувам на соработката со тренерот Давид Писонеро и со нетрпение го очекувам почетокот на подготовките. Доаѓам од Словенија од ракометното школо на РК Требње, а од таму потекнува и мојот сонародник Сташ Скубе, па сигурно тоа и ќе ми помогне околу адаптацијата во тимот“, вели Скикошек Пелко.